X
 26.08.2021 Наша тема

Анкета за родители: Дали сметате дека наставата треба да почне со физичко присуство?

Од 1 септември наставата ќе почне со физичко присуство во сите училишта. Ова се последните најави на Министерството за образование и наука. 
Мила Царовска, министерката за образование и наука, посочи дека отворањето на училиштата е во најдобар интерес за учениците. 
- Најдобар начин да се заштити и менталното здравје и да се одржи нивото на квалитет на наставата и социјализацијата на учениците е тие да се во училница и ние тоа ќе го направиме во оваа учебна година - рече Царовска.

Докторската фела, пак, е поделена во ставовите. Според многумина од лекарите, актуелната состојба со ковид-19, секојдневните високи бројки на позитивни случаи, но и смртни случаи не се погодна епидемиолошка слика да се почне училишната година со физичко присуство на учениците во училишните клупи. 

За таа цел, Факултети.мк и Деца.мк ги анкетираат родителите и ги прашуваат дали сметаат дека наставата треба да почне со физичко присуство, дали се за онлајн настава од дома и дали би се согласиле за комбинирана настава. 



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема