Со многу игра и работа низ забава, децата, вработените и родителите заеднички ја одбележале Детската недела во седумте објекти на скопската градинка „8 Март“ во Општина Кисела Вода. Организирале претстави и модна ревија, а дел од нив направиле и акција за разубавување и уредување на дворовите. Од отпад направиле креативни играчки и украси, на кои им се радуваат децата, а и учат како се создадени. Учителките и децата заедно саделе цвеќиња и дрвца, а притоа учеле и за овој процес и за значењето и негувањето на природата.