Командантот Брит Слабински ги слушал куршумите кои во темнината се одбивале од карпите; ова била првата битка на неговата шест члена извидничка единица во рамките на „SEAL Тeam 6“. Биле опколени, на врвот на авганистанска планина, борејќи се за својот живот против побројните непријателски сили.
Џон Чепмен, техничкиот командант на воените сили, лежел ранет во снегот. Слабински, постар подофицер, преку неговите очила за гледање во мракот гледал како пушката на Чепмен се спушта нагоре и надолу на неговите гради, во ритамот на дишењето, што значело дека се'уште бил жив.
Во тој момент бил погоден уште еден Американец - тогаш командантот сфатил дека мораат да се повлечат од врвот на планината. Уште еднаш се свртил кон Чепмен и забележал дека неговите гради повеќе не се движат. Слабински отишол до него за да му го провери пулсот и продолжил со другите војници низ планината.
Кога стигнале до безбедно место, еден од членовите го прашал: „Каде е Џон? Каде е Чапи?“, на што Слабински одговорил: „Мртов е“.
Денес, после повеќе од 14 години од тој кобен ден кога биле убиени седум Американци од американските воздухопловни сили, се открива дека Слабински не бил во право: наредникот Чепмен не само што бил жив, туку и се борел повеќе од еден час после повлекувањето на неговата единица.
Откако ги прегледале снимките од авионот во кој се гледа дека Чепмен убил уште двајца борци на Ал Каеда, пред да почине. Затоа тој неодамна бил предложен за постхумен медал на честа, највисоко воено одликување од војската на Америка.
Ова би можело да ги отвори старите рани во редовите на американската елитна единица „SEAL Team 6“ која подоцна го убила и Осама бин Ладен. Како и кај некои други воени единици, овој тим никогаш не остава ранет член позади себе. Иако тоа понекогаш е тешко да се реализира, овој принцип е стар колку и војната. Ова е всушност пакт помеѓу оние кои се соочуваат со голема опасност. Напушањето на ранет човек да се бори и да умре сам, како резултат на небрежност, е катастрофално.
„Ваквите работи се случуваат во борба и тоа е нешто страшно. Некој да мислеше дека
Чепмен е жив, ќе се обидевме да ги преместиме небото и земјата за да го извлечеме од таму“, вели генерал Гери Харел, пензиониран командант на „Delta Force“ кој и самиот бил вклучен во операцијата на планината во март 2002 година.
Слабински денес има 46 години и е пензиониран. Признава дека можеби погрешил во сета таа паника кога проценил дека Чепмен бил мртов. Се'уште го прогонува она што се случило на планината, постојано се сеќава на случувањата од тој ден за да може да си ја објасни одлуката која ја донел. „Се обидувам да го направам она што би го направил секој, да се сетам што се случуваше со Џон. Уверен сум 95% дека тој беше убиен. Тоа беше причината поради која одлучив дека најпаметно е да се повлечеме“, вели тој.
Слабински е скептичен кон новите докази. Се прашува колку овие снимки се веродостојни и колку можат да се зголемат за да се разликуваат луѓето на нив и да се следи нивното движење. Тимот го поддржува чекорот Чепман да се награди постхумно, но не може со сигурност да се потврди дека тој бил жив во моментот кога одредот се повлекол.
Ако претседателот одобри, наградата на Чепман ќе биде првата од 3.500, доделена врз основа на технологија, а не искази на очевидци. Околностите под кои несреќната мисија во 2002 година се случила од одамна се завиткани во еден бран на контроверзии.
Слабински исто така тврдел дека од надлежните барал времето на акцијата да се одложи за 24 часа за да биде помалку ризична, меѓутоа неговото барање било одбиено.
Тој 2 март 2002 година, тимот во кој Слабински бил на чело мора да воспостави потрага на врвот на планината Такур Гар - во тек била една од најголемите воени акции предводени на ова подрачје, Анаконда. Битката се случила 3 месеци откако бин Ладен побегнал во Тора Бора, но американските заповедници се надевале дека ќе ги фатат или убијат членовите и предводниците на Ал Каеда.
Планот на Слабински бил да слета со хеликоптер во подножјето на планината околу полноќ, а потоа да се искачи. Но, поради низа на различни околности тие се задржале и било јасно дека пред зори нема да стигнат до врвот. Сепак, под притисок на надредените, тимот се искачил.
Силите на Ал Каеда веќе биле таму и го погодиле хеликоптерот. Еден од клучните луѓе на тимот Нил С.Робертс паднал од авионот. Нешто пред 5 часот наутро преостанатите членови на тимот, меѓу кои бил и Чепман, се вратиле на врвот. Сакале да го спасат Робертс. Не знаеле дека непријателите веќе дошле по него и му ја отсекле главата.
Започнала престрелка, Чепман и Слабински успеале да убијат два членови на Ал Каеда. Но, и Чепмен бил ранет, а и останатите биле во неповолна позиција.
После битката, следеле низа обвинувања. Загубите биле големи. За брзо време започнала истрага за да се открие што тргнало наопаку. Главниот инспектор, полковникот Ендру Милани изјавил дека воздухопловните сили не ги детектирале милитантите на планината и дека членовите на тимот го прекршиле основниот принцип на извидување бидејќи неколку хеликоптери слетале веднаш.
Со анализирање на снимките полковникот Милани забележал како 50 минути после напуштањето на планината од страна на специјалните сили, некој со пушка убива двајца припадници на Ал Каеда. Се поставило прашање: Кој бил тоа?
Сите детали поврзани со истрагата за тој ден се'уште не се познати, бидејќи истрагата била класифицирана како тајна. Но, постојат само две логички објаснувања: или борците на Ал Каеда пукале едни на други или Чепмен бил жив. Поради недостаток на докази не можело точно да се утврди што се случило. Но, теоријата дека соборците на Чепмен го оставиле да умре сам, создала дополнителни тензии.
Врз основа на анализите се претпоставува дека Чепмен бил без свест кога Слабински мислел дека е мртов. Кога се освестил, продолжил да се бори.
Анализите на снимките велат дека тој се повлекол во бункерот 13 минути откако неговата воена единица го напуштила подрачјето, а во 6 часот Чепмен пукал во еден борец. Во 6.11 минути Чепмен бил застрелан. Подоцната обдукција покажува дека на неговото тело имало девет прострелни рани, пет под половината и четири над. Редоследот на повреди не е познат.
Сепак, Слабински истакнува дека пушката на Чепмен имала придушувач, додека на снимката тоа не е случајот. Понатаму, пушката од снимката е автоматска, а наредникот не користел таква.
Од време на време, вели Слабински, се чувствува како никогаш да не ја напуштил планината. Се'уште му доаѓаат слики од борците на планината, како забавено се движат, додека звукот од гранатите и огненото оружје го опкружуваат насекаде. Има проблеми со спиењето, дијагностициран му е пост-трауматски стрес после 10 годишното служење во војна.
Она со кое мора да живее е сеќавањата на тоа утро кога го водел својот тим да спаси еден човек, за подоцна да излезе дека напуштиле друг, и тоа во моментите кога се борел за живот. „Дали Џон беше човек кој се бореше до последниот здив и го направи сето тоа? Ако навистина е така, тогаш сакам да се знае за него“, заклучува Слабински.