Вулканот Етна започна да еруптира синоќа со фонтани лава кои овозможија спектакуларно шоу.
Се претпоставува дека ерупцијата и лавата ќе продолжат и утре, а ерупцијата која се случува во југоисточниот кратер, е видлива од Катанија и Таормина. Моментално, Етна е еден од највисокиот и најактивниот вулкан во Европа.
Вулканолозите ја класифицираа ерупцијата како „Strombolian“ - категорија која се карактеризира со експлозивна активност кога со голема сила се исфрлаат саѓи, пепел и чад од самиот кратер.
Според Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија, ерупциите во моментот не претставуваат опасност за луѓето. Авионот во Катанија кој се наоѓа во близина не е засегнат и продолжува со работа.
Етна, кој се наоѓа помеѓу Месина и Катанија, е во постојана активност, што значи дека неговата форма се менува почесто од било кој вулкан. Во јануари вулканот имаше серија на неколку активности, кога неколку локални училишта беа евакуирани.
Заедно со Везув во близина на Неапол,
Етна претставува еден од 16-те вулкани во светот означени како „Декадни вулкани“ од ОН што значи дека се изучуваат особено внимателно поради нивната зачестена активност и густината на населението во близина.