Фрижидер кој ги реди намирниците наместо вас, копчиња што ви кажуваат кога вашата облека е чиста и минијатурен робот што ги конролира вашите кујнски aпарати, беа меѓу уредите што беа презентирани во Берлин во Петокот на 2 Септември, кои ветуваат дека ќе го направат вашиот дом “попаметен“.
Практичните производи поврзани со интернет беа претставени еден ден пред саемот за технологија “IFA“ да биде отворен за јавноста, со што Samsung го искористи настанот за да го открие “паметниот“ фрижидер што ќе пристигне во Австралија овој месец.
Главниот маркетинг директор за “Samsung Electronics“ во Австралија, Фил Њутн, рече дека фамилијарната компанија “Hub Refrigerator“ не само што го опреми фрижидерот со 3 поврзани камери за да ја проверите содржината во внатрешноста, туку и дава функција за корисниците да можат да оставаат забелешки и да гледаат ТВ шоуа, на 21 инчниот екран.
“Samsung“ исто така соработува со уште една голема синџир компанија за храна, за да им овозможи на корисниците да нарачаат храна директно од екранот на фрижидерот.
“Ние развивме локални апликации за фрижидерот за да можите да купувате намирници онлајн“- изјави Њутн.
Фрижидерот се состои од 4 врати, собира 671 литри, а чини 7499 долари, а може да биде користен и како центар за контрола на интернетот поврзано со “SmartThings“ уреди, како што се брави, камери, веднаш откако “Samsung“ ќе ги лансира во Австралија следната година“- информираше Њутн.
“Sony“ исто така го искористи настанот за да претстави производи за дом, покажувајќи подобрена верзија на домашниот робот, “Xperia Agent“, кој се уште не е достапен на пазарот.
“Роботот беше дизајниран со пристапна форма и вештачки светлечки очи за да инспирира “човек во интеракција“, така што корисниците може се да се чувствуваат удобно, барајќи од него да контролира се од поврзаните климатизатори до машини за перење“-изјави специјалистот за паметни производи на “Sony“, Оскар Ромеро.
Тој додава: “Тоа е хардвер кој изгледа симпатично, со кој имате желба да разговарате, да работите со него, а потоа може да се поврзите со многу нешта. Во Јапонија ние работиме со “Nestle“ и го поврзуваме роботот со кафе машините. Може да ве препознае (преку својата камера) и може да побарате од него да ви направи кафе какво што пиете“.
Од “Sony“ исто така покажаа подобрена верзија на носечкиот, интернет поврзан “Xperia“ проектор што може да се користи за да покаже видео повици, интерактивни игри како “Fruit Ninja“, да споделува календари и забелешки на масата или на ѕидот дома.
“Проекторот е дизајниран да биде алатка за комуникација и интеракција во семејните куќи- објаснил Ромеро.
“LG“ исто така се приклучи на смарт домашниот тренд со големиот број на “Smart ThinQ“ домашни автоматски уреди вклучувајќи површина која одговара на вашите барања и покажува информации како временска прогноза. Потоа сензори во облик на копче што може да бидат програмирани да испратат сигнал кога вашата машина за перење завршила со перењето, кога вратата се отвора или кога чад е детектиран во вашиот дом.
Портпаролот на “LG“ изјави дека “Smart ThinQ“ уредите ќе почнат да се појавуваат насекаде во светот до крајот на следната година.
Саемот за технологија “IFA“ беше домаќин на 1800 фирми од целиот свет, а официјално беше отворен во Берлин во Саботата на 3 Септември.