X
 03.09.2017 Живот

Кога детето е подготвено да остане само дома?

Иако сите се потсетуваме на деновите кога нашите родители работеле, а ние сме биле сами дома, денес многу работи се променети. Многу често се поставува прашањето кога детето би можело да остане само дома и колку долго.

За оставање на детето само дома не е важна само возраста. Важно е и какво е детето по карактер. Ако е плашливо, секако дека не треба да го оставате само дома. Но ако детето многу рано покажува самостојност и зрелост, не постои причина зошто тоа не би било само повремено, кога ќе започне на училиште.

Кога ќе процените дека детето е доволно големо за да остане само дома, важно е да ја испитате ситуацијата. Поставете му ги на детето следните неколку прашања за да се уверите дали навистина може само да остане дома:

- Како ќе реагира ако некој ѕвони на вратата?
- Што би направило доколку се соочи со поплава или пожар?
- Дали би му кажало на непозната личност на телефон дека е само дома?
- На кого смее да му ја отвори вратата?
- Кога треба веднаш да ви се јави?
- Што ќе прави додека не се вратите дома?

Важно е да се држите до договорот. Ако очекувате од детето да ги послуша сите ваши совети, реално е детето од вас да очекува дека ќе се вратите дома во договореното време. Не оставајте го детето на цедило во вакви ситуации бидејќи може да се исплаши.

Во нашето општество родителот има право сам да одлучи кога своето дете ќе го смета за доволно зрело и самостојно за да го остави само дома. Во Америка е донесен правилник според кој децата помали од 12 години не треба да се оставаат сами дома, освен на кратко; децата до 16 години не треба да бидат сами дома во текот на ноќта, додека бебињата и малечките деца не смеат да бидат препуштени на себе. Овој правилник наишол на многубројни критики од американските родители бидејќи во тој случај на мајките и на татковците им се одзема правото сами да проценат дали детето е подготвено да седи само дома.

Детето после одењето во училиште може да остане само, но погрижете се на почеток да бидат само неколку минути. Кажете му на детето што смее, а што не смее додека е дома. Нека ви раскаже што правело кога ќе се вратите дома. Само така може постепено да ја изградите довербата во детето, но и неговата самостојност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот