X
 13.11.2022 Живот

Архитекти пронашле генијално решение: Погледнете ја најмалата куќа во Лондон

Минијатурните станови од само неколку квадратни метри станаа секојдневие во многу светски метрополи каде што трошоците за живот се високи, а побарувачката е исклучително висока. И Лондон е еден од тие градови.

Но, малите станови не мора да бидат синоним за пренатрупан простор каде што не би можеле да се движите. Тоа го докажа архитектонското студио „Студиомама“, кое одлучило да реновира минијатурна еднокатна куќа во Ислингтон, северен Лондон, и да го направи убаво и удобно место за живот.

Архитектите Нина Толструп и Џек Мама ја реконструирале некогашната такси-канцеларија од 13 квадратни метри, црпејќи инспирација од дизајнот на камп-приколките и помалите јахти. Иако многумина веруваат дека ова е најмалата куќа во Лондон, сепак, има место за бања со тоалет, кујна со трпезарија, спална соба, па дури и простор за работа и релаксација.

Тајната се крие во мултифункционалниот мебел кој се приспособува на потребите. Така, на пример, големиот плакар крие кревет кој може да се подигнува и спушта по желба.

Трпезариската маса со клупа за две до четири лица може да се прошири и да се претвори во место за ручек за шест лица. Од плакарот можете да извадите и работно биро, површина за сечкање зеленчук и клупа за истегнување на нозете по долг работен ден.

Ова изгледа како пријатно место за живеење благодарение на големите прозорци кои пропуштаат многу дневна светлина, но и неутралните бои на мебелот.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот