X
 05.09.2016 Образование

Трикови што ќе го олеснат учењето на вашето дете

Децата се преоптоварени со информации и распореди. Не е воопшто необично ако вашето дете не умее целосно да се справи со задачите, или правилно да го распореди времето, а сепак да има дел од денот во кој ќе се препушти на детските игри.

деца


Подолу прочитајте неколку трикови што ќе го олеснат учењето, а воедно ќе го направат забавен и интересен процес:

1. Будење рано наутро:

- Најавете интересен доручек за кој детето ќе сака порано да стане за да јаде;
- Чаша вода пред спиење го опушта телото и го подобрува метаболизмот;
- Топлото ќебе ќе осигура добар сон за вашето дете;
- Спиењето во целосен мрак го стимулира лачењето на мелатонинот одговорен за циклусите на спиење;
- Будилниот нека биде на другиот крај на собата. Некој мора да стане од креветот за да го сопре наутро;
- Мобилниот телефон нека биде исклучен.

2. Треба да се научи и да се запомни сé, но детето не треба да прегрее:

- За да се апсорбираат повеќе информации нека следат 25 минути напорно учење и 5 минути пауза. Секоја трета пауза треба да биде 20 минути;
- За подобро запомнување, детето нека чита гласно и јасно, без разлика на брзината;
- Тивката инструментална музика во позадина ја зголемува концентрацијата;

- И ментолот ја подобрува концентрацијата;
- Новиот распоред може да се постави како позадина на електронскиот уред што детето најмногу го користи;
- 10-20 минутно пешачење пред учење му помага на мозокот да работи подобро;
- Ако времето е пократко, нека ги прочита само првиот и последниот параграф;
- Некои лекции подобро се учат преку документарци, како историја или биологија.

3. Стикерите во боја се одлични за да го потсетите детето што треба да направи во текот на денот.

4. Ако сите тетратки изгледаат исто, напишете ги имињата на предметите на страната или обележете ги со јака боја:

тетратки

5. Ако му недостига мотивација наредете ги параграфите со слатки задоволства, или протнете некое меѓу страниците за учење:

бомбони


6. За помош при математички проблеми користете Wolframalpha.

7. Најдобро време за учење е првата половина од денот, кога мозокот е поефикасен.


време за учење


8. Историските датуми се паметат најдобро со приказ на визуелен времепров. Нека ги постави првин поголемите настани, а потоа помалите.


9. Пребарувањето на Гугл може да се поедностави:

- Ако бараниот термин или фраза се постави во наводници, Гугл ќе ве поштеди од непотребни извориѓу термините;
- Користете “site:” предпосакувата страница за да пребарувате само во неа;
- Ако поставите вертикална линија (|) Гугл ќе ви најде страница што ги содржи сите термини истовремено;
- Поставете две точки (..) ако сакате да пребарувате меѓу одреден бројчан опсег.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование