X
 28.06.2017 Образование

Дали правилно учиме?

Што значи да се учи? Дали кога учите навистина знаењето го конзумирате или само ги меморирате информациите? Ако го практикувате второто веројатно не вложувате доволно напор.

Дали некогаш сте размислувале колку е бизарно да се будите секој ден и да одите во зграда исполнета со клупи, при што уште на почеток знаете дека ќе чекате да ѕвони ѕвончето за одење? Ако чувствувате дека не учите многу во училишните клупи, веројатно имате право.

Луѓето често велат дека најмногу учат преку пракса. Но што ако сите го прават тоа? На пример, гледате како некој составува автомобил и велите дека и Вие тоа знаете да го правите. Всушност, имате само генерална идеја како се работи тоа, но додека не го примените знаењето, не сте научиле сосема.

Знаењето е 30% учење и 70% создавање


Знаењето не е 100% учење. Не можете само да читате за нешто цел ден и да се наречете експерт. Потребно е време и примена. Ако знаењето се спореди со исхраната, замислете дека се одлучувате да јадете само сурова храна и растителни протеини. Тоа нема веднаш да Ви го трансформира здравјето, туку е потребна подолготрајна примена. Исто, кога учите нешто дозволувате новите идеи да се оформат во мозокот. Кога учите да правите нешто ги користите моторичките способности и меморијата за навистина да го разберите концептот и да ги сфатите фактите. Тогаш знаењето станува вистинско и моќно.

Најмногу се учи преку грешките

Од секој неуспех доаѓа лекција. Ако можете да ја искористите таа лекција во следниот обид, веројатно е да успеете. Ако не ја искористите тогаш, веројатно ќе Ви се најде за друг пат. Грешките не треба да Ве разочараат и да Ве натераат да се откажете, туку да Ве мотивираат.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование