Денес е четврток, 8 септември 2016 година, 252-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:02, а ќе зајде во 18:58 часот. Денот ќе трае 12
часа и 56 минути.
Во Македонија во утринските часови имаме облачно и магловито време,
понекаде со намалена видливост и до 100 метри. Mедитеранскиот циклон
носи нова облачна маса со врнежи од дожд кон Македонија.
МАКЕДОНИЈА - Во утринските часови ќе биде умерено облачно време, а
услови за сончеви периоди ќе има во источните и североисточните предели.
Во претпладневните часови продор на влажна воздушна маса од југозапад
која ќе донесе врнежи од дожд, кои во југозападните, западните и јужните
предели ќе бидат поинтензивни, локално и до 30 литри. Во источните и
североисточните предели се очекуваат сосема слаби локални врнежи. Ќе
дува доумерен југоисточен и источен ветер. Утринските температури 10 до
18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до
15 односно до 26 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе имаме
претежно облачно и магловито време. Попладне со услови за врнежи од
дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 16
степени, а максималната дневна до 23 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во наредните денови Македонија останува под
влијание на поле на низок воздушен притисок но врнежите ќе бидат со
многу послаб интензитет. Во петок облачно со врнежи од дожд и
температури кои ќе се движат од 16 до 27 степени. Во сабота умерено
облачно со сончеви периоди, попладне и навечер со врнежи од доже и
температури од 17 до 28 степени. Во недела умерено облачно со сончеви
периоди, попладне во западните, северозападните и југозападните предели
со врнежи од дожд. Максималните температури од 18 до 29 степени. Во
понеделник умерено облачно со повремени сончеви периоди и потопло време
, попладне во крајните западни предели со слаб локален дожд,
температурите од 19 до 30 степени.
Weathr4all.com.mk