X
 22.11.2020 Живот

Пред да се стопи мразот: Ескимите се борат за зачувување на својата култура и традиција

Бидејќи мразот на канадскиот Арктик станува сè потенок, Ескимите одат на кампување за да ги научат своите деца како да преживеат во дивината и да ја зачуваат својата култура.

Напролет, кога животните мигрираат на север, а сонцето никогаш не заоѓа, Ескимите ги водат своите деца на повеќенеделни кампувања низ канадскиот Арктик. Во таа пригода ги учат на ловечки вештини и културни вредности што се пренесуваат од колено на колено повеќе од 5.000 години.

Во последните три децении се стопиле дури 95 отсто од повеќегодишниот мраз, најгустиот (и најстариот) вид мраз на кој почива целиот арктички морски екосистем.
Постариот Еским веќе не може да предвидува безбедни патишта на разреден мраз, а моделите на миграција на животните се менуваат. Иднината на мразот - а со тоа и на оние што живеат на него - е целосно неизвесна.

1

Пренесувањето на старите вештини за лов и преживување станува многу важно во време кога таквото знаење исчезнува.

Целта на ваквите кампови е да се обезбеди опстанок на ескимските традиции дури и ако мразот исчезне.

3

Кoга ќе се стопи морскиот мраз, солта тоне во длабочините, а на површината останува свежа вода за пиење. На фотографијата подолу е прикажана Шарлот Накитаквик како зема вода во чајник во ловечкиот камп на нејзиното семејство во Нувуктак, во близина на Арктичкиот Залив во Северна Канада.

Облечена во облеката што ја сошила нејзината мајка, Ешли Хјуз го поминала десеттиот роденден на кампување со пријателите и семејството во заливот Икпикитуарџук. Учествувала на годишниот натпревар во риболов.

Ловот на фоките претставува многу важен дел од животот на Ескимите. Кожата од фоките се употребува за облека. Пренесувањето на знаењето од ловот и приготвувањето на храната им помагаат на ескимските заедници да ги преживеат климатските промени.

4

Старицата Тагунак Квававаук на една училишна екскурзија ги учи децата како да прават леб банок. Древните знаења за преживување во оваа ледена земја исчезнуваат со умирањето на старите луѓе. Многумина се одлучуваат да им ја пренесат традицијата на помладите, особено на децата чии семејства повеќе не одат на лов и кампување. Знаењето како да се преживее со оскудни ресурси е клучно за преживување во време кога несигурноста во набавувањето храна и слабата ухранетост се сè поголеми проблеми во заедниците на Ескимите.

4

18-годишниот Овен Вили лови снежни гуски во оддалечениот камп во канадскиот Арктик. Вили се приклучил на кампот веднаш штом матурирал и ја поминал целата пролет следејќи ја миграцијата на гуските.

6

36-годишниот Дарси Енугу и неговата сопруга Сузан секоја година земаат слободни денови и ги носат своите деца во лов на фоки. Прстенестите фоки имаат месо богато со витамини, сало што добро гори и кожа од која може да се направи топла облека.

7

30-годишната Мари Накитарвик почнала да ги учи вештините за ловење кога се омажила за професионален ловец. Сега секоја пролет таа и нејзиното семејство ловат во земјата на нивните предци.

Извор: Nationageographic.rs
Фото: Аkesha Johnson
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот