X
 09.09.2016 Живот

Ослободете се од негативната енергија во домот

Домот е дел од нас и кога ни е добро и кога ни е лошо. Убавиот простор може да предизвика радосни чувства, но нередот или неисчистената околина влијаат негативно на оној што престојува во неа.

жена на прозор


Како да се ослободите од негативната енергија?

Ако подолго време чувствувате застој на нештата во животот, чувство на неугодност во домот каде што треба најмногу да се опуштате, време е за акција. Енергијата се задржува на предметите, особено постари објекти кои можеби и не ви се допаѓаат многу или не ги забележувате во секојдневието. Отстранете ги таквите непотребни предмети и ослободете простор на нови нешта на секое поле во вашиот живот. Ако сте љубител на антиквитети, осигурајте се дека предметот е добро исчистен, особено ако претходно имал друг сопственик.

Миризливите стапчиња или темјанот се одлични за да придонесете за смирена атмосфера во домот. Миризливиот чад ќе ве опушти за брзо. Палењето жалфија пак, е популарна техника кај американските староседелци. Почете од влезната врата и движете се во насока на стрелките на часовникот со запалените гранчиња жалфија. Цитрусните мириси исто така го освежуваат просторот и ја чистат негативната енергија. Испрскате со неколку капки есенцијално масло растворено во вода.

Застојаниот воздух значи и застој на енергија. Потребен е контакт со природата. Отворете ги прозорците за да проциркулира свеж воздух и да „излезе“ негативната енергија. Проветрете ја постелнината и прекривките.

Отстранете ги или поправете ги скршените предмети, тие ја задржуваат негативната енергија. Ако држите скршени предмети по дома значи дека можеби толерирате многу во животот. Одржувајте ја покуќнината и поправете ја ако се оштети. Ако штетата е непоправлива, остранете го.

Направете промена во мебелот. Внесете боја во просторот ако може да си дозволите финансиски. Ако буџетот е ограничен новиот распоред на покуќнината нема да ве чини ништо.
Ѕвончињата на влезната врата и во ќошињата помагаат да се внесе живост во физичкиот простор. Трансформацијата на енергијата во домот ќе има позитивни ефектни врз сите што престојуваат во него.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот