X
 11.10.2017 Култура

Ден кој мора да се памети: 11 Октомври!


Партизани
(Фото: Википедија)



„(...) Наша беше потта, плодовите туѓи
О кој веќе да трпи, кој да трае, пати
Та нели сме ние како сите луѓе?!
На душманот еднаш треба да се плати!

И дојде октомври, вкрвавена зора
над Прилеп го плисна црвениот пламен.
Еден истрел - потем зовре сета гора
Глеј борци со пушки зад дрво и камен (...)“

(извадок од песна на Видое Подгорец, посветена на денешниот празник)

Ова е ден кога сите треба да сме горди на визијата, храброста, пожртвуваноста на хероите, нивниот слободарски дух, нивната желба за слобода и независна Македонија.

На 11 октомври 1941 година почна единственото непоразено востание кое претставуваше врвен израз на револуционерните и слободарски тенденции на македонскиот народ и народностите што живееја на оваа територија, обединети во заеднички сон за остварување на национална слобода во независна држава.

11 октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, е спротивставување на фашизмот, но и борба за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Затоа, сите простум треба да ги чествуваме хероите кои со своите животи се заложија за слободата и ни ја овозможија државноста: Мирче Ацев, Мите Богоевски, Цветан Димов, Раде Јовчевски, Кузман Јосифовски, Елпида Караманди, Стив Наумов, Естреја Овадија Мара, Ибе Паликуќа, Страшо Пинџур, Ванчо Прке, Борка Талески...

НЕЗАБОРАВ И ВЕЧНА СЛАВА ЗА ХЕРОИТЕ, но и ветување дека стоиме зад нивната жртва и го почитуваме нивното дело.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура