Рускoто одморалиште "Mriya Resort & Spa Yalta" (оригинал “Mrija risort end spa“) кое е отворено во Јалта во 2014 година, е прогласено за најдобар европски хотел за одмор и за најдобар спа-центар во Русија.
Наградите беа доделени од организацијата "World Travel Awards 2016" и "World Spа Awards 2016", а овие награди се сметаат за најпрестижните во областа на туризмот и спа услугите.
Тие беа доделени вечерта на 5 септември оваа година на италијанскиот остров Сардинија. Хотелскиот комплекс “Mrija risort end spa“ кој е исто така познат како “Кримски цвет", оваа година беше номиниран за пет награди на "World Travel Awards 2016".
"Mrija risort end spa" е санаториумски-хотелски комплекс, а е дизајниран од страна на познатиот британски архитект Норман Фостер. Хотелот содржи приватни базени во затворен и отворен простор, сала за билијард и куглана, кино сали, а нуди едни од најкомплетните спа третмани во Европа. Освен тоа комплексот е опремен со медицински центар кој нуди широк спектар на услуги.