САД потрошиле 290 милиони долари на лекови против радијација откако рускиот претседател се закани со употреба на нуклеарно оружје во случај на безбедносна закана за Русија.
Како што соопшти Американската здравствена агенција ХСС, Владата купила значителна резерва на лекот „Nplate“ што го стимулира производството на тромбоцити во телото и го ублажува крвавењето предизвикано од зрачење.
Агенцијата ги отфрла забелешките дека лекот бил набавен поради руската инвазија врз Украина и тврди дека тоа е дел од долгорочниот напор за подобра подготовка на нацијата за спасување животи во случај на радиолошки и нуклеарни катастрофи.
Лекот е произведен од калифорниската фармацевтска компанија „Амген“ и може да го користат и деца и возрасни.
Извор: МИА