За првпат, американската војска ја исфрли најголемата конвенционална (неатомска) бомба во војната во Авганистан, во источната провинција Нангарар.
GBU-43/B или позната како
Мајка на сите бомби (
MOAB) беше лансирана во четвртокот. Мета на нападот беше мрежа од тунели под контрола на Исламската држава во областа Ахин.
Фото: YouTube
Поради статусот „неатомска“ бомба, лансирањето на Мајката не бара нужно одобрување од американскиот претседател.
Станува збор за огромно оружје - долго девет метри, тешко 9.800 килограми, муниција со GPS водич што се исфрла од транспортен авион MC-130 и се детонира кратко пред да удри во земјата.
Бомбата од авионот паѓа на палети, кои потоа се повлекуваат со падобран, овозможувајќи му на оружјето слободно да паѓа, стабилизирано и водено од четири мрежи налик перки.
Главниот ефект од бомбата е масивен, разорен бран што се протега до речиси два километри во сите насоки, што го создава експлозив од 8.165 килограми.
Тенката алуминиумска обвивка е специјално дизајнирана за да го максимизира радиусот на експлозијата.
Оваа т.н. бомба за разрушување бункери е креирана за уништување на подземни објекти и тунели. Беше развиена за употреба во ирачката војна (со вредност од 16 милиони долари за една бомба) и првпат беше тестирана во 2003 година, но никогаш во воена акција, сè до денес.
Сепак, оваа не е најмоќната неатомска бомба на американската војска. Приматот ѝ припаѓа на бомбата MOP (Massive Ordnance Penetrator) - уште поголем разрушувач на бункери штo тежи 13.600 килограми.
Мајката на сите бомби ја разви аеронаутичката компанија
Dynetics стационирана во Алабама.
Русија произведе сопствена масивна неатомска бомба што ја нарече
Татко на сите бомби. Се работи за бомба позната како термобарско оружје.
Термобарските бомби се детонираат во две фази: мала експлозија што создава облак од експлозивен материјал што потоа се пали и генерира разорен П-бран (сеизмички бран).