Престижниот канадски универзитет го прими 12 годишното момче од Индонезија на студиите по физика.
Цендикиавиан „Дики“ Сурјатмаџа е примен на Универзитетот Ватерло во Онтарио со стипендија. „Тој е извор за инспирација за многу индонезиски деца и ученици“, изјави индонезискиот амбасадор во Канада.
Благодарение на неговата генијалност, момчето прескокна неколку одделенија во Индонезија, а самиот успеал да го научи англискиот јазик. Тој вели дека е возбуден и дека сонува за откритија поврзани за добивање на енергија од обновливи извори.
„Денес за мене е голем подарок“, вели Дики, кој има 189 коефициент на интелигенција.