X
 22.11.2015 Наука

Осумгодишно момче засекогаш ќе ги реши проблемите со исчезнатите авиони

Бенџамин Јенсен од Огден, Јута, додека една вечер гледал документарец за исчезнати авиони, на памет му паднала одлична идеја. Тој одлучил да го претстави својот план и да го достави до директорот на авиокомпанијата Делта Ерлајнс.

 

1


Можеби и не би била толку необична приказна ако Бенџамин не беше осум години. Неговите родители се пилоти, а момчето сака авиони, такашто неговите мајка и татко не биле изненадени од неговата иновација.

Имено, идејата на момчето била систем на неонски портокалеви балони кои во случај авионот да се руши во море, би го покажале местото на несреќата.

„Балонот би бил доволно лесен  за да лебди во воздухот, но би бил изграден од армирана гума за да го издржи притисокот“, објаснува Бенџамин во писмото кое неговите родители го испратител во Делта. Неколку недели подоцна му стигнал одговор.

 

3


„Соработуваме со многу експерти за воздухоплоство токму во врска со пронаоѓањето на авиони во критични ситуации. Морам да ти кажам дека многу од нив размислувале за решение доста слично на ова. Секако, со нив ќе го споделам твојот предлог“, му напишал директорот на Делта, Џон Лаутер.

Заедно со одговорот, Лаутер му испратил и цел пакет со модели на авиони и други ситници.

„Отсекогаш го интересираат авиони, особено дизајнирање на воени авиони. Кога го доби пакетот, најпрво мислеше дека му стигна роденденски подарок. Но кога сфати кој го испраќа, скокаше од среќа“, вели неговата мајка Лаура.

 

pismo

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука