X
 12.09.2016 Култура

Градот без пари, религија и политика

Иако се чини невозможно, на светот постои место што не би се споменало заради пејзажите или знаменитостите, туку за идеалите како општество што не соодвествуваат на оние на кои сме навикнале. Ауровил е град без пари, религија и политика - рај за живеење.

ауровил


Градот е откриен во 1968 година по што станал признат и заштитен од УНЕСКО. Жителите се од  50 националности и различни култури, но имаат соживот без проблеми. Немаат монетарен систем, туку систем на размена. Ауровил се наоѓа во Јужна Индија, 150 километри од Ченаи, главен град на индиската држава Тамил Наду.

Главни цели на експерименталната архитектура што се применува кај објектите  се повторна употреба и рециклирање. Жителите се стремат да ја оптимизираат употребата на обновливите енергии. Градот е дизајниран и основан од Мира Алфаса, или попозната како „Мајка“. Нејзината идеја е да постои место на Земјата кое ниту една нација не би го прогласила за свое и каде што сите човечки суштества со добра волја и со искрени намери би можеле да живеат како граѓани на светот, а почитувајќи го само авторитетот на врвната вистина.


жена


„Тоа би било место на мир, слога и хармонија каде сите инстинкти за борба на човекот ќе се користат само да се надмине причината за нивните страдања и мизерии, да се надминат слабостите и незнаењето и да се триумфира над ограничувањата и неможностите. Место во кое потребите на духот и интересот за напредок се пред задоволувањето на желбите и страстите или потрагата по задоволство и материјални уживања“ – тоа била идејата на Мајката.

Овој град е модел за еко-одржлив град, со повеќе култури, овошни дрвца, полиња со пченка и овоштарници, организирани во 15 фарми на 160 хектари со што целото население е снабдено со храна. Во фармите работат 50 селани и 300 соседи, и произведуваат2% од оризот и житарките што се консумираат и 50% од зеленчукот. Исто има и доволно млеко, млечни производи и сезонско овошје.

Ова е пример каков треба да биде нашиот живот за неколку години кога Земјата ќе почне поочигледно да ги манифестира последиците од дејствувањата на човекот.



Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура