X
 18.05.2020 Живот

Автомобилите ќе бидат забранети во центарот на Лондон

Пред пандемијата, околу два милиона луѓе дневно го користеле метрото во Лондон. Како што градот се обидува да разбере како жителите може побезбедно да патуваат во градот кога ќе се отворат повеќе бизниси, се прават обиди да се одбегне масовното користење на јавниот превоз. Затоа, градот создава огромна зона во центарот на градот во која ќе бидат забранети автомобилите, а целта е да се олесни користењето велосипед и пешачењето во овој дел од градот.

- Ќе треба многу повеќе лондончани да пешачат или да возат велосипед до работа. Затоа овие планови ќе трансформираат делови од централниот Лондон за да се создаде една од најголемите зони без автомобили во кој било главен град во светот - изјавил градоначалникот на Лондон, Садик Кан, во известување за плановите.


Фото: Pixabay

Според планот, некои улици во финансискиот центар на градот ќе бидат само за велосипедисти и пешачење, додека други ќе дозволуваат автобуси, но не и автомобили, иако ќе се дозволат возила на итните служби и возила за луѓето со посебни потреби. Лондонскиот мост и друг мост во близина може да бидат наменети само за автобуси и пешачење или велосипедисти.

Освен тоа, градот ги проширува тротоарите и додава велосипедски патеки во други делови од градот. Се размислува и за воведување слични забрани за автомобили и во други делови од градот. Отсега во Лондон ќе треба и да се плати за возење во централниот дел од градот.


Фото: Pixabay

Без соодветна инфраструктура, многу жители ќе почнат да користат автомобили наместо јавен превоз, а градот сака да го спречи зголемувањето на метежот и загадувањето на воздухот. Сајмон Манк од непрофитната организација „Лондон сајклинг кампејн“ вели дека во политичарите во Лондон разбираат дека никој не сака да се врати на времето кога имало поголем сообраќаен метеж и загадување на воздухот и затоа се прават напори за поттикнување на користење на велосипедот како превозно средство.

Бројот на нови заразени од коронавирус се намалува во градот и веќе се зборува за намалување на рестриктивните мерки. Други градови, како Милано, се во трка да ги прошират тротоарите и велосипедските патеки за да го намалат користењето на јавниот превоз. Париз планира да изгради долги велосипедски патеки за жителите во предградието.

Автор: Адел Питерс
Извор: fastcompany.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот