X
 08.01.2019 Технологија

Како до најпопуларен твит?

Јапонскиот милијардер што ќе биде испратен на Месечината од Илон Маск сега го има најсподелуваниот твит на „Твитер“.

Јусака Маезава одлучил на необичен начин да ги прослави резултатите на неговата компанија. На својот твитер-профил тој напиша дека е потребно корисниците да го следат и да ја споделат неговата објава во која најавува дека ќе даде пари како награда. По истекот на рокот, Јусака ќе избере 100 среќни добитници, а секој од нив ќе добие по милион јени.

Објавата ги воодушеви неговите следбеници, но и други корисници. Така, во помалку од два дена неговата објава била споделена повеќе од 5,6 милиони пати. Маезава на крајот ја прекинал „наградната игра“, три часа пред истекувањето на рокот, бидејќи се појавиле лажни профили кои ја споделувале објавата. Но, тоа не значи дека го повлекол ветувањето за парите.

100 среќници ќе бидат исконтактирани преку порака на „Твитер“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија