Креирана е облека што во летните горештини го разладува телото. Аха, нешто подобро од памучна маица.
Научниците од Универзитетот Стенфорд креирале материјал на база на пластика - наноПЕ (нанопорозен полиетилен) што би требало да стане основа за производство на облека што би била идеална за потопло време.
Материјалот овозможува топлината што телото ја емитира како инфрацрвено зрачење да помине низ него, при што дава чувство на до 2,7 степени пониска температура отколку памукот.
„Материјалот на иднината моментално не изгледа баш привлечно, но се работи на усовршување и од естетска гледна точка. Доколку влезе во широко производство, би можел да придонесе за заштеда на енергија, бидејќи би ја намалил потребата за климатизација“, изјавил Ји Куи, експерт за материјали при Универзитетот Стенфорд.
Научниците се надеваат дека материјалот
за две години ќе се комерцијализира.