Нов материјал направен од слоеви кобалт со микроскопска големина може да го претворат јаглерод диоксидот во формат - гориво кое може да биде изгорено без токсични остатоци и да се користи како извор за чиста енергија.
Материјалот бил направен од истражувачи во Кина. Тоа може да биде начин за решавање на проблемот со загадувањето во светот поради преголемото користење на фосилни горива. Научниците работат на овој проблем со децении и бараат начин за да го претворат јаглерод диоксидот кој се испушта во атмосферата во нешто корисно и еколошки исправно. Тестирањата на новиот материјал покажуваат ветувачки резултати, според истражувачите.
„Ова претставува фундаментално научно откритие. Сигурно процесот ќе трае со години додека сè се склопи во успешен, комерцијален уред. Но, во оваа фаза, реакцијата изгледа позитивно“, изјави Картиш Мантирам, хемиски инженер од Технолошкиот институт во Калифорнија.
Материјалот е дебел само 4 атоми. Кога поминува низ процесот на електрохемиско намалување на јаглерод диоксид со што се ослободува гориво кое произведува повеќе енергија отколку потребната за производство.
Следниот чекор е демонстрација на начин со кој овој материјал може да биде вметнат во комерцијалната технологија за да започне неговото користење.