Властите во Ротердам се решени да го одржуваат пристаништето чисто, одржливо и ефикасно, односно да го модернизираат во вистинска смисла на зборот. Најново на ова пристаниште е тоа што за првпат во употреба е пуштен воден дрон којшто собира пластика дури и до 500 килограми на ден, која подоцна ќе биде рециклирана.
Беспилотното летало има отвор кој е на 35 центиметри под нивото на водата. Властите на Ротердам велат : „Иновацијата не може да се оствари со сила, но можете да креирате средина во која иновацијата ќе биде примарна и ќе одговара на пазарот“.
Ова е одличен потег на властите во Ротердам, бидејќи освен што пристаништето постојано мќе биде чисто, пластиката која ќе биде собрана може да биде повторно употребена. Еколошко и модерно решение кое за првпат се употребува во овој град.
Засега во Ротердам е пуштен во употреба еден дрон. Во наредните шест месеци, ќе бидат пуштени во употреба уште четири вакви беспилотни летала, за да се тестира колку може да се постигне.