X
 14.09.2016 Живот

Околу 90% од земјотресите низ светот се случуваат околу "огнениот прстен"

1

Најсилниот земјотрес некогаш забележан бил со јачина од 9.5 степени во Чиле во 1960 година.

Земјотресот од 2011 година близу Јапонија ја зголеми брзината на ротација на Земјата, скратувајќи го денот за 1.8 микросекунди.

Постојат околу 500.000 детектирани земјотреси во светот секоја година. 100.000 од нив можат да се почувствуваат, а 100 од нив предизвикуваат штети.

Од 1900 година, во просек имало 18 големи земјотреси и еден голем земјотрес годишно.

Архитектурата на Инките била отпорна на земјотреси. Ѕидовите на Инките можеле да издржат дури и поголеми потреси.

Земјотресот од 16 декември 1811 година, предизвикал делови од реката Мисисипи да течат наназад.

Околу 90% од земјотресите низ светот се случуваат околу „огнениот прстен“, област во басенот на Тихиот Океан.

2

Монт Еверест се намалил за 2.5 сантиметри поради земјотресот во Непал кој се случи во 2015 година.

Јапонија се соочува со 1.500 земјотреси на годишно ниво.

Јужна Калифорнија има околу 10.000 земјотреси секоја година, иако повеќето од нив се мали и не се чувствуваат.

Најсмртоносниот земјотрес се случил во 1556 година во Кина, убивајќи 830.000 луѓе.

Најголемиот земјотрес на Хаваите се случил во 1868 година, а афтершоковите се'уште се набљудуваат.

Најголемиот земјотрес во Америка  бил со јачина од 9.2 степени и се случил во Алјаска во 1964 година.

Откако Мексико Сити бил погоден од земјотрес со јачина од 8.0 степени во 1985 година, речиси сите новороденчиња од урнатата болница успеале да преживеат 7 дена без храна, вода, топлина и човечки контакт.

3

Земјотресите ја претвораат водата во злато.

Во грчката митологија, Посејдон бил причината и Бог на земјотресите. Во јапонската митологија, Намазу е огромен сом кој предизвикува земјотреси.

Според истражувањата, топењето на глечерите и зголемувањето на нивото на морето ја нарушуваат рамнотежата на притисокот на тектонските плочи на Земјата, предизвикувајќи зголемување на фреквенцијата и интензитетот на земјотресите.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот