X
 02.05.2021 Живот

Интересни факти за Исланд што многумина не ги знаат

Исланд е островска земја на северот на Европа. Има население од околу 360.000 луѓе, а официјален јазик е исландскиот. Главен и најголем град на Исланд е Рејкјавик, а голем дел од населението во земјата живее токму тука. Ова се некои од општите факти што ги знаеме за Исланд.

Но, Исланд е толку неверојатен што би било штета да не се обидете да го запознаете подобро. Станува збор за толку убава земја со зачудувачка природа, интересни традиции и богата историја. Во продолжение ќе откриете некои од најинтересните, па дури и најчудните факти за оваа нордиска земја.

1
Фото: Bored Panda

1. Исланд е единственото место во светот каде што можете да пливате помеѓу две тектонски плочи - станува збор за пукнатината Силфира формирана поради разделувањето на тектонските плочи. Некои од отворите се толку тесни, што можете да ги допрете двете страни одеднаш, односно можете да ги допрете северноамериканскиот и евроазискиот континент истовремено. И не само тоа, туку тука ќе ја најдете и најчистата вода во светот. Пукнатината се наоѓа во националниот парк Тингвелир, во Југозападен Исланд, а беше прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 2004 година.

2. За 24 часа може да се извози целата земја - обиколницата е совршен начин за туристите да ја доживеат земјата и културата. Долга е 1.332 километри и ја обиколува цела земја, оставајќи ги само Вестфјорд и полуостровот Снафелнес. Ако не застанувате никаде и сакате само да уживате во живописната природа, можете да ја извозите земјата за помалку од 24 часа.

2
Фото: Bored Panda

3. Во градот Акурејри семафорите имаат црвени срца наместо црвени кругови - економскиот колапс во 2008 година бил навистина разорен за Исланд. За да се подигне расположението на луѓето, градот сметал дека едноставните работи имаат најголемо влијание. Така одлучи да ги трансформира круговите на црвените семафори во срца како дел од кампањата наречена „Смеј се со твоето срце“. Луѓето заглавени во сообраќајот ги гледаат срцата кои постојано ги потсетуваат да останат позитивни.

4. Традиционален подарок за Божиќ е книгата - Исланѓаните сакаат да читаат книги. Исланд објавува најмногу книги по глава на жител во светот, со пет наслови објавени на 1.000 Исланѓани. Во 2009 година во Градската библиотека во Рејкјавик биле позајмени 1,2 милион, а населението во Рејкјавик е само 200.000. Но, од почетокот на ноември продажбата на книгите го достигнува врвот. Имено, Исланѓаните имаат традиција да подаруваат книги како божиќен подарок, наречена „лолабокафлод“ или „божиќно потопување со книги“. Книгите се подаруваат на 24 декември, а луѓето ја минуваат ноќта читајќи. Традицијата почнала за време на Втората светска војна, кога ограничувањата на валутите ја ограничиле количината на увезени подароци во Исланд, па така книгите станале совршен божиќен подарок.

5. Членови на исто семејство можат да имаат различни презимиња - во модерно време членовите на семејството го земаат презимето на таткото, но Исланд има свој систем. Прво, кога две лица ќе стапат во брак, тие си ги зачувуваат своите презимиња. Ако имаат син, тогаш неговото презиме се формира со додавање на наставката „сон“ на првото име на таткото или мајката, додека името на девојчето се формира со додавање на наставката „дотир“. Суфиксите буквално значат син и ќерка.

2
Фото: Bored Panda

6. 54 отсто од Исланѓаните веруваат дека постојат џуџиња - освен тоа, луѓето ги почитуваат традициите и митовите. Можете да најдете мали куќи за џуџињата, а и училиште каде што можете да научите како изгледаат овие џуџиња и како живеат.

7. Исланѓаните развиле апликација што им покажува доколку се поврзани со личноста со која се во врска - населението на Исланд е околу 360.000 и на толку мал остров со мала имиграција постои шанса да имате братучеди за кои не знаете. Затоа, во 2010 година била развиена апликација што на Исланѓаните им овозможува да проверат дали нивниот партнер е поврзан со нив.

8. Првата демократски избрана жена-претседател во светот беше избрана во Исланд во 1980 година - Вигдис Финбогадотир е исландска политичарка која служела како четврта претседателка на Исланд и прва жена во светот демократски избрана за претседател.

9. Родителите во Исланд често ги оставаат своите бебиња да спијат надвор на студено - во Исланд и во другите нордиски земји не е невообичаено да го оставите вашето новороденче да спие надвор дури и ако температурата е под нулата. Секако, тие се соодветно облечени и покриени. Се верува дека спиењето на студено време го зајакнува имунитетот на децата и придонесува за подобра дремка. Можеби има вистина во тоа бидејќи просечниот животен век на Исланд е 82 години, што е 10 години повеќе од просекот во светот.

10. На Исланд нема комарци - постојат околу 1.300 видови инсекти на Исланд, но нема комарци затоа што температурите можат да бидат прилично ниски, а потоа неочекувано да се зголемат. Научниците сметаат дека тоа е причината што Исланд е земја без комарци.

11
Фото: Freepik

11. Единствениот домашен цицач на Исланд е арктичката лисица - Исланд најпрво бил населен во IX век, а тогаш единствениот природен копнен цицач била арктичката лисица. Ова животно дошло на островот на крајот од ледената доба, шетајќи над замрзнатото море. Другите животни биле доведени на островот од доселениците. Во Исланд живеат од 8.000 до 10.000 арктички лисици.

12. Во Рејкјавик биле забранети кучиња домашни миленици од 1924 до 1984 година - одлуката не била донесена затоа што ги мразеле кучињата, туку затоа што биле носители на ехинококоза, еден вид тенија што може да се пренесе од кучиња на луѓе. Оваа тенија е опасна затоа што предизвикува цревни инфекции, трајно слепило и смрт.

zname
Фото: Freepik

13. Боите на знамето на Исланд ги симболизираат трите елементи од пејзажот на земјата - боите на знамето ги рефлектираат трите елементи што го сочинуваат пејзажот - црвената боја е огнот што го создаваат вулканите, белата е за снегот и мразот, а сината е за планините на островот кога се гледаат од крајбрежјето.

14. Во Исланд нема јавен железнички систем - иако постоеле многу предлози, ниту еден не бил реализиран. Главната причина поради која нема железнички систем е малобројното население и суровата околина, како и развиената патна структура.

vulkan
Вулканот Фаградалсфјал во март, 2021 година
Фото: Wikipedia

15. Исланд има околу 130 вулкани, а 30 од нив се активни - Исланд се наоѓа на Средноатлантскиот гребен, кој ги одделува северноамериканските и евроазиските тектонски плочи. Овие плочи постојано се движат, се тргаат едни од други, па просторот меѓу нив се полни со магма, која се крева во форма на вулкански ерупции. Најновата ерупција се случи на 19 март на вулканот Фаградалсфјал.

Извор: Bored Panda
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот