Истражувачи од институти во Шпанија ја открија точната локација на тектонските плочи помеѓу Европа и Африка во близина на Алборанското Море, покажува ново истражување. Авторите го проценија и ризикот за големи земјотреси и цунами, кој е поголем отколку што се мислело досега.
Ова е првпат како истражувачи ја оценуваат комплексната геометрија на овој систем. Регионот бил истражуван уште од 70-тите години, но податоците собрани досега не биле доволни за да се разбере како се организирани тектонските плочи. Модерната технологија сега овозможи детално претставување на системот на деформации на плочите, кој се простира на над 300 километри.
Досега не се знаеше дали во Алборанското Море има активни деформации и каде се спојуваат тектонските плочи на Европа и Африка. Новата информација е важна за оценување на ризикот од земјотреси и цунами во крајбрежните предели на западниот дел од Средоземното Море.
Според авторите, ризикот од земјотреси и цунами во овој дел е поголем отколку се сметаше претходно.
Извор:
European scientist
Насловна фотографија: Pixabay