X
 17.09.2015 Живот

Што научив од животот без пари?

Со малку претстава што да очекува или како ќе живее, пред седум години Марк Бојл започнал да живее без пари. Прво се одлучил тоа да биде едногодишен експеримент во еколошко живеење, затоа што сакал да истражува како би било човек да живее без помош и сигурност од парите.

 

пари


Иако било застрашувачка и тешка замисла, до крајот на првата година некако Марк успеал да живее во мир - бил поспокоен, поздрав и позадоволен од било кога во животот. И покрај тоа што три години подоцна донел тешка одлука повторно да влезе во светот на парите - за да им помогне на другите да живеат без пари, сепак може да каже дека научил значајни лекции кои му го промениле животот засекогаш.

За прв пат сфатил колку поврзан и меѓусебно зависен бил од луѓето и природниот свет околу него, нешто што претходно само го споменувал, но не го доживувал вистински.

„Тогаш станувате физички свесни за тоа како вашето здравје е зависно од самата мрежа на животот, и дека идеите како длабоката екологија се апсорбираат во вашите артерии, жили и коски. Ако воздухот кој ги исполнува моите бели дробови е загаден, ако хранливите материи од почвата од која се произведува мојата храна е исцрпена, и ако изворската вода која сочинува 60% од моето тело се затруени, тогаш моето здравје страда. Ова изгледа како здрав разум, но никој не мисли вака - барем не според начинот на кој се однесуваме со природниот свет денес. Со текот на времето, дури и границите за кои се сметав „јас“ стануваа се` помалку и помалку јасни“, вели тој.

Она што тој го научил од сето тоа искуство е дека ако човек сака да обезбеди долгорочно здравје за себеси и за идните генерации на животот, тогаш треба да започне да го брани еколошкиот систем со истата жестокост и решителност како што би го бранел сопственото тело.

Најмногу од се`, тој открил дека неговата сигурност повеќе не лежи на неговата сметка на банка, туку лежи во силата на неговите односи со луѓето, растенијата и животните околу него. Кога човек има многу пари, денот го поминува искористувајќи го светот околу него за сопствен профит. Без пари, ако се однесувате лошо доволно долго, тогаш животот ќе ви стане повеќе од невозможен.

На лично ниво Марк дознал дека бил способен за повеќе отколку што некогаш можел да замисли. За брзо време научил како да живее во фарма и да се занимава со земјоделие и како да создава работи од нешта што ги пронаоѓа околу него.

Неговата најголема лекција била дека голем број видови животни изумреа побрзо од било кога; шумите, реките и океаните се намалиле во неодржливи стапки, и постојано се случвала социјална неправда со што повеќе и повеќе пари одеа во рацете на оние кои најмалку би ги искористиле за заедничко добро.

„Ова беше нешто што повеќе не можев да го игнорирам. Мора да се обидеме да бидеме „промената која сакаме да ја видиме во светот“, и не смееме да седиме додека индустриската цивилизација не` уништува“, вели тој.

„Мора да ги претвориме најголемите кризи на нашата ера во нешто што ќе им даде нешто на нашите животи и ќе го обнови чувството на смисла и цел. За да го направиме тоа, треба да одолееме, да бидеме револтирани и повторно да воспоставиме контакт со дивината. Сега е време да бидеме храбри. Треба да ја запреме машината која го уништува природниот свет или уште пред да се свестиме ќе ја уништиме убавината која ни останала. Ако дозволиме тоа да се случи, тогаш ја заслужуваме лошата судбина“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот