Процесот на созревање значи промена не само на личноста, туку и на социјалниот живот. Ако до раната младост сте имале многу пријатели, како ќе минуваат годините се забележува дека нивниот број се повеќе и повеќе се намалува. Ако на триесетиот роденден имате повеќе од десет пријатели, треба да сте навистина среќни. Истовремено, поголемиот дел од
пријателствата завршуваат, но оние што остануваат се позначајни и посилни.
Кои се главните причини за да се случува сето тоа?
Имаме помалку слободно време со текот на годините: ако зреете правилно, со секоја нова година ќе добиете повеќе одговорности. Ќе станете поважни во кацеаријата што ќе донесе и повеќе часови на работа, или почести патувања, или пак ќе имате други активности или хобија на кои ќе посветувате повеќе време. Ако сте во брак и имате деца, цело слободно време ќе го користите за нив. Тоа ги менува и типот на луѓе со кои сте се дружеле кога сте биле сами.
Со помалку слободно време, помалку ги толерираме неважните нешта: Ако сте адвокат кој работи преку 60 часови неделно или мајка на три деца со само една слободна вечер во месецот, ќе ви биде смешна помислата на излегување на пијалок со пријателките во гужва. Ќе ви бидат важни малите групи со издржани разговори, особено ако вашите пријатели имаат сосема поинаков стил на живот од вашиот. Тогаш веројатно е да не сакате да си го трошите времето на бесцелни разговори.
Ќе немате доволно енергија за сите: една дваесетгодишна девојка е способна да се забавува до изгрејсонце, да оди на факултет следниот ден и повторно да излегува следната ноќ. Вака таа може да стекне многу пријатели, но за истите ќе и биде потребно многу време и енергија за да ги одржува контактите. До триесетите ќе стане уморна и кругот на пријатели ќе почне да се ограничува. Запознавањето на нови луѓе и одржувањето на контакти не е едноставно и бара време, енергија и посветеност.
Но, ако сте сé уште во дваесетите и ова ви се чини тажно, не треба да се грижите. Пријателите што ќе останат и понатаму можеби нема да ги гледате многу често, но тие ќе бидат оние вистинските што ќе ви се најдат во тешки моменти, на кои ќе може да им се доверите и да им плачете на рамо. Кога ќе изгубите во квантитет на пријателите, ќе добиете во квалитет и длабочина на истите.