X
 05.03.2018 Култура

Кои деца најмногу ќе заработуваат кога ќе пораснат?


Млади луѓе
(Фото: Pixabay)


Студија што се спроведувала 40 години открила која „непосакувана“ карактеристика кај децата е показател дека подоцна ќе успеат во животот.

Замислете да ве стават во ситуација да се обидете да предвидите кои деца од едно одделение ќе имаат највисоки приходи кога ќе пораснат. Кои деца би ги избрале? Оние што сакаат да учат и имаат највисоки оценки? Оние што се послушни и секогаш се согласуваат со наставниците? Атлетски градените деца што активно тренираат? Ако сте избрале која било од овие три групи, сте погрешиле.

Инаетливите деца кои ги кршат правилата би биле најдобриот избор, според студијата објавена во списанието „Developmental  Psychology“.

Во 1968 година истражувачите почнале да  проучуваат дванаесетгодишни ученици кои тогаш биле во шесто одделение. Ги истражувале нивната интелигенција, карактерот, однесувањето и социо-економскиот статус на нивните родители. Потоа, четириесет години подоцна, повторно се сретнале со нив. Очекувано, учениците кои учителите ги опишувале како „студиозни и вредни“ имале поголеми изгледи за престижни работни места. Меѓутоа, тие не заработувале најмногу како возрасни.

Највисоки примања имале „палавите деца“. Децата што ги кршеле правилата и се спротивставувале на авторитетите како возрасни лица најмногу заработувале. Авторите сметаат дека една од причините за тоа лежи во фактот што тие не се плашеле да преговараат за повисоки плати и примања со своите работодавци.

Авторите сугерираат уште една можна причина – тоа што таквите деца го ценеле натпреварувањето. Наместо да се грижат дали ќе се согласуваат со другите, тие повеќе биле заинтересирани за реализирањето на зацртаните цели. Авторите не можеле да го исклучат и фактот дека некои од групата со високи примања можеле да заработуваат и на неетички начин. Меѓутоа, студијата не нашла докази дека учесниците биле вклучени во такви активности.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура