X
 11.06.2015 Култура

Најдобрите цртани за возрасните

И покрај фактот што анимираните филмови во последните неколку години се развија, се`уште постојат луѓе кои се уверени дека тие се формат наменет за децата.

 

crtani


Но, откако „Pixar“ и „DreamWorks“ објавија филмови како „Up“, „How to train your dragon“ и „WALL-E“, стана јасно дека анимацијата нуди многу и тоа не само за децата.

Освен тоа, постојат анимирани филмови кои сигурно не се наменети за децата, туку само за возрасната публика. Цртаните кои ќе ви ги претставиме изобилуваат со секс сцени, насилство и пцовки, па затоа не би ве советувале да ги гледате со вашите деца.

1. Akira (1988)

 

Овој цртан е брутално насилен и мрачен. Апокалиптичната наративна структура следи три јунаци во нивните напори да го откријат заговорот на нивната влада.


Затоа воопшто не е чуден фактот што некое време се шпекулираше дека овој анимиран филм може да добие акциска верзија. Наводно дури и Леонардо ДиКаприо бил во игра за толкување на една од улогите.

2. Watership Down (1978)


 

Овој цртан се темели на истоимениот роман на Ричард Адамс. Филмот ги следи неколкуте зајаци кои сакаат да создадат нов дом откако нивниот стар е срушен. Иако филмот официјално нема добиено назнака 18+, насилството кај помладите генерации ќе резултира со кошмари.


3. Persepolis (2007)

 

Анимиран филм кој се базира на критичкиот општествен стрип на Марјана Сатрапи и го следи растењето на една иранска девојка која живее во доста турбулентни времиња.


4. Fritz the cat (1972)

 

Ова е првиот анимиран филм во историјата кој доби назнака 18+. Цртанот е урнебесно смешна комедија која го следи јунакот Фриц и неговиот пат низ светот на сексот и дрогата.


5. Waking life (2001)

 

Се чини дека Ричард Линкер добро го „потковал“ својот занает на инди филмови пред да се насочи кон анимацијата. Овој филм е пример за паметна работа, а се обидува да ги пронајде одговорите на некои од најголемите проблеми кои го мачат човештвото.


6. Perfect Blue (1998)

 

Станува збор за анимиран трилер кој ја следи пејачката која во еден момент се одлучи да стане глумица. Станува збор за јапонски цртан такашто јасно е дека филмот изобилува со насилство и голотија.


7. Heavy metal (1981)

 

Овој анимиран филм ги опфаќа сите жанрови - од трилер до научна фантастика и мјузикл. Овој анимиран филм се смета за култен во круговите на underground сцената, а е толку популарен што дури и доби продолженние.


8. Waltz with Bashir (2008)

 

Анимиран воен филм со автобиографски елементи кој ја презентира приказната на човек кој бил вклучен во Либанската војна. Тој се обидува да ги реконструира своите чувства.


9. Ghost in the shell (1995)

 

Уште еден јапонски филм, но за разлика од претходните овој е базиран на истоимената манга серија која прикажува футуристичко општество.


10. South Park: Bigger, Longer & Uncut (1999)

 

Листата не би била целосна доколку не се појави овој филм. Ако сте пораснале во 90-те, тогаш сигурно знаете за што би се работело во филмот, а ако не знаете, погледнете го.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура