X
 08.05.2021 Живот

Пријателите навистина нѐ прават посреќни, покажува долготрајно истражување од „Харвард“

Според истражување спроведено на „Харвард“, пријателите влијаат врз среќата. Истражувачите поминале децении истражувајќи три генерации луѓе и откриле дека пријателствата нè прават посреќни.

Според истражувањето, доколку сте опкружени со среќни луѓе кои ви се многу блиски, поголеми се шансите дека ќе бидете среќни во иднина. Освен тоа, шансите за поголема среќа се зголемуваат и доколку во ваша близина живее пријател кој е среќен.

Заклучокот на истражувачите е дека среќата е директно поврзана со пријателствата и оддалеченоста од вашите пријатели. Ефектот е повидлив кај пријателите отколку кога станува збор за семејството, односно блискоста со семејството не влијае толку врз среќата колку блискоста со пријателите.


Фото: Pixabay

Сепак, овде не станува збор за колегите, посочуваат истражувачите. Среќата на пријателите од работа не мора да влијае врз вашата среќа бидејќи истражувачите не го препознале споменатиот ефект во работната околина. Тоа значи дека околината, исто така, влијае врз среќата, а не само луѓето.

Накратко, пријателите од работа се само тоа - пријатели од работа. Неколку претходни истражувања покажале дека голем дел од работниците немаат длабоки врски со колегите од работа.

Автор: Џеф Хејден
Извор: inc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот