X
 20.09.2016 Живот

Како изгледаат 200 калории на различни видови храна

Кога сте на диета најтешко е да се конзумира оброк кој количински сдоржи храна еднаква на една порција. Голем број на лица не ни сметаат колку калории внесуваат за време на исхраната. Така барем тврдат минатите истражувања.

 

YouTube каналот AsapScience покажува како изгледаат 200 калории во различни видови на храна – од бургери и пиво, до зеленчук и сирење.

 

Интересно е што добивате многу повеќе јаболка (количински) кога внесувате 200 калории, отколку со вино и сирење.

 

 

Пиво, вино и виски. Вие избирајте.

Омлет како избор за појадок.

200 калории па и не се многу кога ќе го погледнете ова „парченце“ пица или бургер.

 

 

 

 

 

Путерот од кикиритки има многу калории, па бројката од 200 е достигната само со една кафена лажичка.

200 калории од целер и моркови.

 

 

 

 

 

Ако не додадете ништо во црното кафе, тоа речиси и да нема калории.

 

Доколку додадете шеќер, бројката на калории брзо се зголемува.

 

AsapScience истакнуваат дека, кога сте на диета, не е поентата да конзумирате храна која има мала бројка на калории. На пример, белиот леб има многу помалку калории од интегралниот, но не ги содржи сите хранливи материи кои ги има во интегралниот леб.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот