X
 18.02.2018 Култура

Што јадат спортистите на ЗОИ

1
Фото: Reuters

Ако некогаш сте се запрашале што е потребно за најдобрите светски спортисти да го добијат најдоброто јадење, погледнете го менито од 18 страници во Олимпиското село Гангнеунг.

Само делот за салати има речиси две страници и вклучува дел за додатоци.

А како и самите Олимписки игри, и менито е интернационално.

Така, на пример, постојат седум вида сирење достапни 24/7. Едам од Холандија, француски камбемберт, бокончини и грана падано од Италија, чедар од Англија, фета од Грција и швајцарско сирење.

На менито се наоѓаат делови со месо, а има и италијански шведски маси што служат пица и тестенини - со опции за глутен, без глутен и секако, корејски специјалитети.

Има и сладолед за американскиот сноубордер Клои Ким - ванила, чоколадо и јаготка се постојано достапни, а и други вкусови.

Сето ова е подготвено за да се нахранат најголемите светски спортисти, кои имаат потреба од 1300 до 7000 калории дневно, во зависност од нивниот спорт.

80 готвачи приготвуваат 7.000 оброци дневно за спортистите. Тие се одговорни за креирање на 180 јадења дневно на ротирачкото мени од вкупно 406 оброци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура