Во документарецот „Тајните на кралската кујна“ (англ.Secrets of the Royal Kitchen) откриени се интересни, но и малку необични прехранбени навики на британското кралско семејство. Едно од најинтересните откритија се однесува на старо суеверие кое и денес го следат сите членови на семејството, вклучувајќи ја и Кејт Мидлтон.
Имено, се верува дека членовите на кралското семејство не смеат да консумираат храна со „шилест“ облик. Тоа ги вклучува сите намирници што имаат остри рабови, како оние во облик на квадрат или правоаголник.
Во практика тоа значи дека на менито на Кејт Мидлтон не се наоѓаат, на пример, четириаголни сендвичи. Поранешниот кралски готвач Греам Њуболд открива како ова необично верување се пренесува со генерации во семејството. Освен прехранбените правила, Кејт Мидлтон, како и другите кралски дами, се придржува и до строгите протоколи за облекување, па така и кога е топло не ги соблекува своите елегантни палта.
Верувањето дека храната со остри рабови може да донесе несреќа за монархијата и денес влијае врз начинот на приготвување на оброците во кралските резиденции. Готвачкиот тим мора да почитува низа непишани правила.
- Членовите на кралското семејство никогаш не јадат четириаголни сендвичи бидејќи традицијата вели дека секој што им дава храна со остри рабови се обидува да го собори тронот на Англија - вели Њуболд во споменатиот документарец.
Извор:
Dnevno.hr
Фото: Freepik