Заедничкиот приход од десетте најголеми корпорации е поголем од приходот на 180 најсиромашни земји од вкупно 195 суверени земји. Меѓу корпорациите се вбројуваат Apple, Shell и Walmart. Ова се резултати од истражувањето на Global Justice Now. Што значи дека овие корпорации се побогати од Русија, Белгија и Шведска.
Исто така, во истражувањето се наведува дека во моментов 100 светски најголеми економски ентитети се корпорации наместо држави, што е и повеќе за разлика од минатата година, кога бројката на компании беше 63.
Од 200 ентитети на светото, 153 се корпорации, стои во истражувањето.
Соединетите американски држави, Кина, Германија, Јапонија, Франција и Велика Британија се шестте најсилни економски ентитети, а потоа следуваат Италија, Бразил и Канада.
Огромно богатство и сила на
корпорациите се наоѓаат во срцето на толку многубројни светски проблеми, како што се нееднаквоста и климатските промени , се вели во истражувањето. Желбата за краткорочниот профит ги гази основните човекови права на милиони луѓе на планетата, а според овие податоци ситуацијата е се полоша.
Седиштето на Global Justice Now се наоѓа во Лондон, а овие податоци ги објавиле за да извршат притисок на британската влада, наспроти состанокот на работната група со Обединетите нации. Според нив, владата во Лондон го помага крупниот капитал и бизнисот, а она што е најсрамно е тоа што Лондон рутински се противи на повиците од земјите во развој да се натераат големите корпорации да сносат одговорност за влијанието на човековите права во Обединетите нации.