Има 98,1 отсто шанси светот да падне во рецесија како последица на високата инфлација, драстичните зголемувања на каматните стапки и војната во Украина, според модел направен од истражувачката фирма „Нед Дејвис рисрч“.
Претходно шансите за рецесија биле толку високи во 2020 и за време на глобалната финансиска криза во 2008 и 2009 година, пренесува Си-ен-ен.
Седум од десет економисти што биле прашани од Светскиот економски форум сметаат дека има реални шанси за глобална рецесија, според извештајот на истражувачката фирма. Економистите очекуваат послаб економски развој и паѓање на платите оваа и следната година.
Поради растечките цени за храна и за енергија, постојат грижи и за немири. Во извештајот се вели дека 79 отсто од економистите очекуваат растечките цени да доведат до немири во земјите со ниски приходи. Околу 20 отсто од економистите го очекуваат истото и за богатите економии.
Истовремено, инвеститорите стануваат позагрижени поради движењето на акциите на главните берзи.
Извор:
CNN
Насловна фотографија: Pixabay