X
 25.09.2024 Економија

Колкава плата треба да има човек во Германија за да се смета за богат?

Многу луѓе не знаат колку се навистина богати. Истражувањата покажуваат дека постои јаз помеѓу субјективната перцепција на богатството и статистички реалното богатство на Германците.

Ова јасно се гледа од сегашниот (шести) извештај на федералната влада за сиромаштијата и богатството, кој се објавува еднаш годишно. Голем дел од граѓаните веруваат дека можат да зборуваат за богатство само ако имаат нето-приход од околу 9.000 евра месечно. Но, тие се богати со многу помалку пари.

Во Германија, просечниот приход моментално е 1.947 евра нето (што одговара на приближно 3.000 евра бруто). Тоа значи дека има луѓе што заработуваат помалку од оваа граница исто колку што има луѓе чија плата е повисока. Оваа нето-плата е точно на средина на сите плати. Се смета дека имате висок приход ако заработувате двојно од просечниот приход. Значи моментално е 3.894 евра нето.

Тоа е нето-приходот со кој некој се смета за богат, за кој би бил потребен бруто-приход од најмалку 6.100 евра.

Но, граѓаните гледаат сосема поинаку на тоа. Ова го открива и извештајот за сиромаштијата и богатството: луѓето што се сиромашни веруваат човек е богат само ако има нето-плата од 7.458 евра. Средната класа верува дека човек е богат со 8.892 евра нето-плата, а богатите веруваат дека човек е богат ако има 9.722 нето-плата. Да појасниме: во првата даночна група, за нето-плата од 9.000 евра месечно би требало да заработувате околу 16.000 евра бруто.

Се разбира, само приходот не е одлучувачки фактор за богатството. Поважен е имотот. Според истражувањето на „Бундесбанк“, најсиромашните 20 отсто од населението имаат имот од помалку од 6.900 евра. Најбогатите 10 отсто во Германија имаат најмалку 725.900 евра. Просечното богатство во Германија е 110.022 евра.

Германците многу подобро препознаваат кога во Германија луѓето се сметаат за сиромашни. Во извештајот за сиромаштија и богатство, сите групи на население проценуваат дека сиромашни се оние што имаат нето-плата од околу 1.000 евра. Тоа одговара на речиси реалната линија на сиромаштија која статистички изнесува 1.168 евра нето.

Извор: Atvbl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија