X
 20.09.2016 Наука

Скелет стар 2000 години пронајден во водите на грчиот остров Антикитира

Делови од човечки скелети стари 2.000 години се пронајдени на местото каде што потонал римски брод во водите на грчкиот остров Антикитира, а научниците се надеваат дека ќе бидат во можност да извлечат ДНК примерок- пишува во британското научно списание “Nature“.
 
На истото место во 1900 година бил пронајден мистериозен, комплициран механизам, најстариот "компјутер за пресметка на астрономски позиции."

Местото каде потонал еден трговски брод, кој датирал од првиот век пред нашата ера, натоварен со уметнички дела и секојдневни предмети, е истражувано веќе неколку пати, но новите истражување се во тек.


коски стари 2000 години


Добро сочуваните човечки коски се пронајдени на 31 август: делови од череп, три заби, две коски од рака, неколку ребра и две коски од колк, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на една иста личност. Скелетот го најдоа подводните археолози од “Woods Hole Oceanographic“ институтот од Масачусетс, а резултатите од првата анализа покажале дека коските се на млад маж.

Специјалистите за ДНК анализа се обидуваат да ги издвојат коските на основен примерок, од кој тие би можеле да добијат информации за потеклото на мажот, но се чека на одобрување од грчките власти, за анализата да може да започне.

Ако издвојувањето на ДНК е можно, тоа ќе биде прв случај на земање примероци од ДНК од жртвите кои починале во бродолом во античкиот период, бидејќи нивните тела, обично се во големи длабочини и веројатно е рибите да ги изедат.

Коските на местото на бродоломот биле пронајдени уште во седумдесеттите години на минатиот век, но тогаш не постоела технологија за ДНК анализа, како што постои сега.

SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука