X
 18.09.2019 Живот

Што се случило со преживеаните од „Титаник“?

Трагедијата со бродот „Титаник“ им е позната на сите. Досега никој со сигурност не потврдил што се случило и која е вистинската приказна. Сепак, постојат докази дека 700 лица преживеале.

Ова се приказните за тројца преживеани патници.

Едмонд Навратил и Мишел имале само две и три години кога со татко им испловиле на „Титаник“. Нивниот татко велел дека е вдовец и дека останал сам со децата по смртта на сопругата. Вистината била дека се развел од сопругата и дека тајно ги зел децата и со нив се качил на бродот. Кога „Титаник“ почнал да тоне, таткото ги ставил децата во еден од чамците, кажувајќи им дека многу ја сака нивната мајка и да ѝ пренесат кога ќе ја видат. Тој се надевал дека ќе преживее и дека фамилијата повторно ќе биде обединета.

Таткото не преживеал, но децата преживеале. Поради тоа што биле мали и не знаеле ништо, мајка им одвај ги пронашла дури по еден месец од потонувањето на „Титаник“.

Децата пораснале - Мишел се омажила и станала професорка по психологија. Доживеала длабока старост. Едмонд, пак, основал фамилија, работел како архитект, а за време на Втората светска војна се борел на страната на Французите и умрел на 43 години.

Меѓу преживеаните е и Маргарет Браун. Бил позната уште пред трагедијата. Таа е една од првите жени од САД што се кандидирала за политичка функција осум години пред да им биде дозволено на жените да гласаат. Малкумина знаеле дека Маргарет била на „Титаник“. По трагедијата таа била избрана за претседател на одборот на преживеани и собрала околу 10.000 долари за жртвите на трагедијата. Маргарет била наградена за хуманитарната работа со орден во текот на Првата светска војна. Таа починала на 65 години од тумор на мозокот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот