X
 21.09.2016 Култура

Како латинскиот стана мртов јазик

Иако од латинскиот јазик има траги во многу модерни јазици, тој како посебен јазик веќе не се користи во говорот. Што точно се случи?

Тетоважа на латински. Знам дека ништо не знам.
„Знам дека ништо не знам“

Кога Католичката црква добила влијание во антички Рим, латинскиот станал официјален јазик во Римската Империја. тој бил јазик за меѓународна комуникација и наука. Новинарот Жул Сузалцев ја истражувал судбината на овој јазик.

Латинскиот сега се смета за мртов јазик, што значи дека се уште се користи во специфични контексти, но никој не го зборува. Од историска гледна точка, латинскиот јазик не е толку мртов, колку што е променет - во француски, шпански, португалски, италијански и романски. Овие јазици се познати како романски јазици. Сите пет јазици вклучуваат граматика, времиња и специфична сложеност од латинскиот. Не случајно, секој од овие јазици се развил на поранешни територии од Западното Римско Царство. Кога империјата пропаднала, латинскиот изумрел, а се појавиле нови јазици.

Делумно латинскиот јазик испаднал од секојдневна употреба заради неговата огромна комплексност - скоро секој збор се менува според време, аспект, број, род. Воедно, немало и централна сила што ќе го промовира и стандардизира.

Вулгарниот латински, што во суштина претставува поедноставена верзија, извесно време опстојувал, но почнал да се претопува во одредени локални јазици. До крајот на 6-от век, луѓе од различни делови на некогашната империја повеќе не можеле да се разберат меѓу себе. Латинскиот веќе не бил жив јазик.

Денес латинскиот се уште се користи во многу полиња на технологијата, медицината и таксономијата.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура