X
 13.02.2017 Култура

Најинтересните поговорки на латински: Dum Spiro, Spero – Додека дишам, се надевам

Латинскиот е еден од оние јазици што може да направат сѐ да звучи добро. Секако, ако сте го учеле во средно училиште можеби не бил толку забавен, но сигурно сте научиле нешто корисно. Прочитајте подолу неколку фрази на латински и нивното значење.

- “Ex nihilo nihil fit” – „Од ништо не доаѓа ништо.“

- “Mundus vult decipi, ergo decipiatur”
– „Светот сака да биде измамен, затоа нека биде измамен.“

- “Memento mori”
– „Запомни ја смртта.“

- "Etiam si omnes, ego non"
– „Дури и ако секој го прави тоа, јас не го правам.“

- “Audiatur et altera pars" – „Секогаш слушај ја другата страна.“

- "Si tacuisses, philosophus mansisses"
– „Ако си ја задржал тишината, ќе си станел филозоф.“

- “Invictus maneo”
– „Јас останувам непобеден.“

- “Fortes fortuna adiuvat.”
– „Среќата им служи на храбрите.“

- “Dolor hic tibi proderit olim”
– „Еден ден оваа болка ќе ти послужи.“

- “Cogito Ergo Sum”
– „Мислам, значи постојам.“

- "Oderint dum metuant"
– „Тие може да ме мразат сѐ додека се плашат од мене.“

- "Quis custodiet ipsos custodes?”
– „Кој го гледа набљудувачот?“

- “Sic transit gloria”
– „Славата бледнее.“

- “Draco dormiens nunquam titillandus”
– „Никогаш не скокоткај заспан змеј.“

- “In vino veritas”
– „Во виното е вистината.“

- “Si vis pacem, para bellum”
– „Ако сакаш мир, подготви се за војна.“

- “Pacta sunt servanda”
– „Договорите мора да се одржат.“

- “Quando omni flunkus moritati”
– „Кога ништо нема да успее, преправај се дека си мртов.“

- "Dum Spiro, Spero"
– „Додека дишам, се надевам.“

- "Carpe diem cras"
– „Зграпчи го денот утре.“

- "Aut inveniam viam aut faciam"
– „Јас или ќе најдам пат, или ќе направам.“
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура