X
 21.09.2016 Култура

Заканата од Кина до Европскиот парламент

Меѓудругото, Кина е повредена од фактот што тибетскиот водач во егзил, Далај Лама, имаше свое обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур.

Кина изрази протест во понеделникот заради обраќањето на Далај Лама,  духовен водач на Тибет во егзил, пред Европскиот парламент и неговата средба со претседателот на ЕП, Мартин Шулц.

Кина го смета  осумдесетгодишниот свештеник и добитник на Нобелова награда,  за сепаратист, иако тој самиот вели дека  бара само  основна автономија за својата хималајска татковина, која беше „мирољубиво ослободена“ од кинеските сили во 1950 година.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Лу Канг, изјави дека ЕП и Шулц го игнорираат силното противење на Кина во врска со средбата со Далај Лама.

„Кина апсолутно не може да остане индиферентна  и ќе направи правилен  избор  во склад со својата проценка на ситуацијата“, вели Канг без да ја прецизира намерата на Кина.


Далај Лама
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура