X
 22.09.2016 Живот

Земји кои изградија ѕид за да го запрат движењето на бегалците

Франција стана последната европска држава што започна со изградба на ѕид, за да го запри движењето на мигрантите и бегалците.

Иако ѕидот се наоѓа пред прагот на кампот во Calais, средствата за изградба се обезбедени од страна на британската влада, како што министерот за внатрешни работи Амбер Руд му соопштил на комитетот за внатрешните работи.

“Зависи од нив да одлучат каде ќе изградат ѕид, ограда, или што и да е, што тие сакаат“- изјавил Руд.

Планираните бариери ќе бидат во должина од еден километар од главниот пат во Calais, и со висина од четири метри.


бегалци




Ова не е единствениот ѕид од ваков вид во Европа



Радио Слободна Европа креира интерактивна мапа со временска рамка, со детали за сите земји кои имаат подигнато физички бариери или ги заостриле контролите на границите, потцртувајќи ги во црвена боја.

Земјите кои имаат подигнато бариери се:



1. Бугарија


Земјата изгради ѕид во долж границата со Турција, чија изградба заврши во август 2015 година. Ова го одбележува почетокот на ѕидовите надвор од Европа.


2. Унгарија



Унгарија ја заврши изградбата на ѕидот по должината на границата со Србија на 14 септември 2015 година, а еден месец подоцна се издигна ѕид кон хрватската граница.


3. Словенија


Словенија изгради остра како жилет ограда, која минува низ хрватската граница, во ноември минатата година.


4. Македонија


На крајот на ноември, Македонија подигна бодникава жичена ограда по должината на границата со Грција.


5. Австрија


Во април оваа година, Австрија почна со изградба на "ограда" по должината на италијанската граница.


6. Франција


Сега Франција се придружува на овие земји, со проект финансиран од страна на Велика Британија.


Голем број земји, ги зајакнаа гранични контроли


Норвешка ги зголеми граничните проверки и пристигнувања со ферибот од Германија, Шведска и Данска, кои се прегледуваат потемелно од страна на службениците. Белгија, исто така ги зајакна контролите, како и Словачка.

Се наметнаа построги мерки за бегалците од Сирија и Ирак. На бегалците од Авганистан им е одбиен влезот во неколку земји, вклучувајќи ја и Македонија.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот