Дури 76% од сите милијардери во светот живеат во само 15 земји. Овие милијардери поседуваат 80% од вкупното богатство во светот, покажува најновиот извештај на „Велт-Екс“.
Според извештајот, сите земји освен Обединетите Арапски Емирати забележале пораст на бројот на милијардери и на вкупното богатство на милијардеритe. САД доминираат со 788 милијардери кои заедно имаат над 3 билиони долари.
Вкупното
богатство на милијардерите во целиот свет во 2019 изнесувало 7,6 билиони долари. Во продолжение следуваат 15. земји со најмногу милијардери.
Фото: САД/Pixabay
1. САД - 788 милијардери со вкупно богатство од 3,4 билиони долари
2. Кина - 342 милијардери со вкупно богатство од 1,1 билион долари
3. Германија - 153 милијадери со вкупно богатство од 477 милијарди долари
4. Русија - 114 милијардери со вкупно богатство од 390 милијарди долари
5. Швајцарија - 100 милијардери со вкупно богатство од 274 милијарди долари
6. Велика Британија - 100 милијардери со вкупно богатство од 217 милијарди долари
7. Хонгконг - 96 милијардери со вкупно богатство од 280 милијарди долари
Фото: Хонгконг/Pixabay
8. Индија - 87 милијардери со вкупно богатство од 314 милијарди долари
9. Саудиска Арабија - 62 милијардери со вкупно богатство од 152 милијарди долари
10. Франција - 60 милијардери со вкупно богатство од 219 милијарди долари
11. Италија - 53 милијардери со вкупно богатство од 157 милијарди долари
12. Бразил - 50 милијардери со вкупно богатство од 162 милијарди долари
Фото: Обединети Арапски Емирати/Pixabay
13. Обединети Арапски Емирати - 47 милијардери со вкупно богатство од 163 милијарди долари
14. Канада - 46 милијардери со вкупно богатство од 96 милијарди долари
15. Сингапур - 45 милијардери со вкупно богатство од 87 милијарди долари.
Автор: Хилари Хофовер
Извор:
businessinsider.com