Американскиот претседател Џо Бајден неодамна изјави дека Владата планира да им подели 1 милијарда домашни тестови за ковид-19 на жителите на САД. Жителите ќе може да ги порачаат овие тестови преку интернет, а ќе им бидат доставени бесплатно.
Пред да бидат објавен планот на Бајден, ваквите тестови во САД чинеле и до четирипати повеќе отколку во другите западни земји, пренесува „Индепендент“.
Колку чинат овие тестови во развиените земји?
Во Франција жителите може да купат вакви тестови во аптеки и супермаркети по цена до 6 долари.
Фото: Pixabay
Во Обединетото Кралство жителите може да побараат достава на бесплатен тест по пошта.
Во Канада компаниите може да побараат бесплатни тестови за нивните вработени, а овие тестови може да им бидат доставени или да ги земат од аптека.
Почнувајќи од овој викенд, максималната цена за домашните тестови за ковид-19 во аптеките во Шпанија е 3 долари.
Германците може да добијат еден бесплатен тест неделно, а дополнителните тестови чинат околу 2 долари за пакување.
Извор:
Independent
Фото: Pixabay