Од средината на септември до средината на октомври 2020 година твитер-корисникот @FactBuffet објавувал твитови со интересни факти за секоја земја во светот.
Како што вели, причината за ова делумно е досадата поврзана со пандемијата, но и горливата желба да се шират позитивни информации за светот во време кога луѓето се толку изолирани од другите земји. Излегува дека секоја земја во светот има интересни и воодушевувачки факти.
1. САД никогаш немале претседател кој бил роден во Вашингтон.
2. Гвинеја создала стратегија за Ковид-19 пред која било земја официјално да го добие првиот случај на Ковид-19. Властите велат дека борбата со еболата ги научила како да се справат со здравствена криза.
3. Постои споменик во Русија посветен на лабораториските глувци.
4. Буркина Фасо е дом на најголемата фабрика за соларни панели во Западна Африка. Освен тоа, во 2013 година двајца жители на Буркина Фасо победиле на глобален натпревар за создавање сапун што ги одбива комарците.
5. Во 2015 година Бутан постави Гинисов рекорд кога 100 луѓе засадиле 49.672 дрвја.
6. Во 2018 година Надија Мурад стана првата личност од Ирак што доби Нобелова награда.
7. Шкотска е дом на најкратката улица во светот.
8. Еден од најстарите часовници во светот се наоѓа во Чешка.
9. Србија е еден од најголемите производители на малинки во светот.
10. Во Шпанија постои ресторан што работи уште од 1700 г. Споменат е во една од книгите на Хемингвеј.
11. За националниот празник на Лихтенштајн сите традиционално се поканети во замокот на принцот.
12. Децата во Ерменија учат да играат шах на училиште.
13. 5 од последните 7 „Оскари“ за најдобар режисер ги добиле луѓе што потекнуваат од Мексико.
14. Моменталниот министер за транспорт на Канада исто така бил првиот Канаѓанец во вселената.
15. Ја користиме апликацијата „Скајп“ благодарение на Естонија. Софтверот на „Скајп“ бил развиен од естонски програмери.
16. Премиерот на Тринидад и Тобаго е вулканолог.
17. Нигер е официјално дом на најосаменото дрво на светот.
18. Во Бахреин има зграда со 3 вградени ветерници.
19. Обединетите Арапски Емирати имаат две популарни реални шоуа чија цел е да ги најдат најдобрите поети.
20. Главниот град на Панама е единствениот национален главен град што има прашума.
21. Полска е дом на најдлабокиот базен во светот.
22. Во Шри Ланка има повеќе од 100 водопади.
23. Највисокиот банкомат се наоѓа во Пакистан.
24. Албум со песни напишани и изведени од затвореници во затвор во Малави во 2015 година беше номиниран за „Греми“.
25. И покрај тоа што е дом на казина, на граѓаните на Монако не им е дозволено да се коцкаат.
26. Монако е единствената земја што има принцеза што освоила „Оскар“.
27. Латвија има повеќе од 10.000 реки.
28. Во 2019 година Украина за претседател избра комичар и актер.
29. Гана е најголемиот производител на злато во Африка.
30. Парламентот во Романијa е една од најголемите административни згради во светот.
31. „Макарена“ е исто така име на соседство во Шпанија.
32. Пивото во Лаос е направено со користење локален ориз.
33. Еден од најголемите крстови во светот се наоѓа во Македонија.
34. Кога Уставот на Монголија бил создаден во 1924 година, вклучувал еднакво право за гласање и за мажите и за жените.
Извор:
Bored Panda
Фото:
Twitter