X
 23.09.2016 Образование

АИЕСЕК ја започнува регрутацијата на членство 2016

АИЕСЕК е најголемата интернационална организација предводена од млади луѓе која се стреми за постигнување мир во општеството и исполнување на човечкиот потенцијал преку активирање на лидерски способности кај младите. Овозможува развој главно преку практични искуства во земјата во која живеат или интернационални искуства во над 120 земји.

Еден од начините преку кои студентите најмногу можат да ги развијат своите лидерски способности е да бидат дел од оваа организација.



АИЕСЕК нуди 7 области во кои можеш да развиеш нови вештини. Оние кои се дел од функционалните области Outgoing Exchange и External Relation можат да ги развијат своите продавачки и преговарачки вештини заради постојаниот контакт со студенти и компании. Додека во Marketing и Information Management членовите можат да ја развијат креативноста, нивните технички вештини или можеби да го надминат стравот од јавно говорење. Функционалните области базирани на размена (Outgoing Exchange иIncoming Exchange) ја даваат можноста да стапиш во контакт со луѓе во повеќе од 120 земји и да запознаеш многу различни култури и можеби да го развиеш јазикот кој го изучуваш. Оние пак кои сакаат да научат повеќе за правните обврски кои ги има една студентска организација или да менаџираат со финансии тоа го овозможува функционалната област Finance & Legality. Во седмата фунционална област, Talent Management, членовите напорно работат да се осигураат дека тимскиот дух и мотивацијата на членовите во организацијата се на високо ниво и го следат и менаџираат искуството на секој член посебно.
 
Оваа година со аплицирање за влез во оваа организација ја имаш и можноста да одбереш во која област најмногу сакаш да се развиеш и каде најмногу ќе придонесеш за остварувањето на визијата на АИЕСЕК – Мир и исполнување на човечкиот потенцијал.
Аплицирај овде  http://goo.gl/1FGFG4
Дознај повеќе за функционалните области овде http://goo.gl/vylurC

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование