X
 25.01.2016 Култура

Филмската академија го промени правилото за членство после контроверзиите

Академијата за филмски уметности и науки во петокот објави промени во нејзините правила за членство, кои имаат за цел да го направат гласачкото тело за Оскари поразновидно, вклучувајќи прилагодување на моделот кој ќе ги одземе гласовите на оние кои не се активни во индустријата повеќе од 10 години.

 

академија


Целта е да се зголеми бројот на жените и припадниците на малцинствата во Академијата до 2020 година.

„Академијата ќе води и нема да ја чека индустријата да надоместува. Овие нови мерки во врска со управувањето и правото на глас ќе имаат непосредно влијание и ќе го започнат процесот на значително менување на составот на нашето членство“, вели претседателот на Академијата Шерил Бун.

Одборот едногласно изгласа за промените во четвртокот навечер. Промените ги вклучуваат следните насоки во членството:

„Статусот на секој нов член ќе трае 10 години и ќе биде обновенот ако овој нов член е активен во филмовите за време на таа деценија. Покрај тоа, членовите ќе добијат право на доживотен глас после три 10 годишни термини; или ако имаат освоено или биле номинирани за Оскар. Ќе ги применуваме овие исти стандарди ретроактивно за сегашните членови. Членовите во пензија ќе ги уживаат сите привилегии на членството, со исклучок на гласањето. Ова нема да влијае врз гласањето за овогодинешните Оскари“, пишува во соопштението.

Исто така, Академијата се согласи за следните неколку акции:

- Започнување на глобална кампања за додавање на членови кои ќе претставуваат поголема разновидност.

- Додавање на три нови, тригодишни седишта за гувернери на одборот кои ќе бидат номинирани од претседателот и потврдени од самиот одбор.

- Нови членови на извршниот комитет и на одборот кадешто се донесуваат клучни одлуки во врска со членството и управувањето.

Промените нема да влијаат врз претстојните Оскари 2016 година, на кои немаше ниту еден Афроамериканец номиниран за Оскар, втора година по ред. Недостатокот на вакви номинации предизвика повторна употреба на популарниот хаштаг #OscarsSoWhite низ социјалните медиуми. Покрај тоа, висок профил на актери се изјаснија негативно во врска со овој проблем, а меѓу нив се и Дејвид Ојелово, Лупита Нионго и Марк Рафало.

Џада Пинкет Смит ги замоли гледачите да ги бојкотираат ОСкарите, споделувајќи дека таа нема ниту да ги гледа, ниту да присуствува на церемонијата. Нејзиниот сопруг, Вил Смит, изјави дека и тој нема ниту да ги гледа, ниту да присуствува.

„Мислам дека треба да ги заштитам и да се борам за идеалите кои ја формираат нашата земја и ја прават Холивуд заедницата одлична“, објаснува Вил Смит.

Голем број луѓе го поттикнуваат и овогодинешниот водител на Оскарите, Крис Рок, да ја бојкотира церемнотијата, меѓутоа тој објави дека нема таква намера. Сепак, тој објави промо видео во кое на шега Оскарите ги нарекува „White BET Аwards“.

 

Претседателот на Академијата Шерил Бун формално одговори на контроверзиите, давајќи изјава за тоа колку и` е жал поради недостатокот на разновидност во номинациите за оваа година, и вети дека ќе преземе брза акција.


„Ова е тежок но важен разговор, и време е за големи промени. Академијата презема драматични чекори за да го промени членството“.

Оваа година церемонијата на доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 28 февруари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура