X
 23.09.2016 Економија

Ова се земјите кои иселениците ги преферираат

Понекогаш треба да излеземе од границите на нашата земја за да ја најдеме нашата цел. Можности во странство исто така има и за иселениците претприемачи.


Уште сонуваат да работат и живеат во странство?


Извештајот на “HSBC“,“Expat Explorer 2016“, открива изненадувачки информации за иселениците и кои земји тие ги преферираат за живеење. Вкупно 26.871 иселеници, испитаници ги делат нивните ставови за животот во странство, со фокус на кариерата, финансиската благосостојба и квалитетот на живот.


иселеници


Сингапур се наоѓа на врвот на топ листите како најпосакувана дестинација за иселениците, велејќи дека тоа е одлично место за да напредуваат во нивните кариери и да се зголеми нивната заработувачка. Покрај тоа таа е призната како земја со одличен квалитет на живот и извонредни услови за безбедна и семејно- пријателска животната средина.

Генерално, 66 проценти од иселениците се согласуваат дека Сингапур, нуди подобар квалитет на живот за разлика од нивните матични земји, а 75 отсто велат дека образованието е подобро.

Студијата понатаму организира врвни дестинации за иселеници од доменот на економијата, искуството и семејството. Веќе втора година по ред, Швајцарија е рангирана број еден во економијата благодарени на својата незаменлива финансиска благосостојба и силна економија.

Осумдесет проценти од испитаниците во истражувањето се сигурни во врска со економијата на земјата и девет од вкупно 10 испитаници, беа исто така, убедени за политичка стабилност на земјата.

Нов Зеланд зема дел од колачот за врвно искуство, земајќи ги во предвид животната средина, културата и политичката еднаквост (на пример религија, раса, пол, сексуална ориентација). Генерално, речиси три четвртини од иселениците кои живеат во Нов Зеланд велат дека квалитетот на животот е подобар од нивната земја на потекло.

И на крај, Шведска е рангирана на врвот во однос на нудењето на семејно-пријателски амбиент за иселениците. Всушност, три четвртини изјавиле дека е подобро место за живеење за нивните деца во споредба со нивните матични земји.

Извештајот, исто така открива изненадувачки број (22 отсто) се селат во странство за да најдат поголема цел во нивните кариери. Само 14 отсто од луѓето на возраст од 34 и 54 и 7 проценти од луѓето постари од 55 години го направија овој  голем потег. На крајот, повеќе од половината од овие иселеници изјавиле дека тие чувствуваат дека постигнале поголеми цели во нивната работа во споредба со она што тие го правеле во нивните матични земји.

Исто така претприемачите се почесто се селат во странство, 44 отсто велат дека тие се определиле да воспостават раст на нивните бизниси надвор од нивните матични земји, бидејќи тие барале нов живот и посилни кариера. За разлика од типичните иселеници, претприемачите иселеници, често се одредуваат за земјите со економии во развој како Перу, Бразил и Чиле, додека типичните иселеници играат на безбедно во земјите со развиени економии.

Проверете од инфографикот подолу, за да откриете повеќе статистички податоци за иселениците.

инфографик
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија